Покрај освоеното трето место за кадетките и четвртото за пионерките на РК Вардар, двете генерации можат да се пофалат и со поединечни награди.
Кај генерацијата родени “2000“ година во најдобриот тим се најдоа и две ракометарки на Вардар. Се работи за Андреа Седлоска која беше прогласена за најдобар среден бек, а воедно беше и во најдобрите стрелци на екипата на овој турнир. Тука е и Стефанија Ѓорѓиевска која го доби признанието за најдобро лево крило на турнирот, која исто така придонесе за бронзениот медал и беше меѓу најефикасните во екипата на Вардар.
Кај генерацијата “2004“ , Бојана Коцева како најдобар лев бек се најде во идеалниот тим на турнирот.