Бекот на црвено-црните, Попова Јасмина која оваа сезона и не се наметна премногу за минутажа, ќе ја побара ракометната среќа во нова средина. Попова за време на зимската пауза ќе мине од ЖРК Вардар во тимот на Ѓорче Петров-ЖРК каде ќе настапува во пролетниот дел и ќе се обеде да се наметне кај Симе Симовски новиот тренер на тој тим. Кај нас дојде изминатото лето, минатата сезона имаше позабележителна улога во тимот.
Редакцијата на Вардар фанс и посакува среќа во понатамошната кариера на Попова.