Младинските репрезентативки на Македонија денес во 2.коло претрпеа висок пораз од врсничките од Швајцарија. Па сега по вчерашната победа и денешниот неуспех ќе мораат во последниот меч против домаќинот од групната фаза да се борат за пласман во 1/2-финалето.
Швајцарките имаа доминација во текот на целиот прв период, од минута воминута ја зацврстуваа предноста. На одмор заминавме со егативата од седум гола односно со 12 :19. Во вториот дел се играше со исти ритам, противникот постојано ја зголемаше предноста. Имаше кратки и ретки периоди во кој црвено-жолтите успеаа да намалат и да прикажат подопадлива игра. Победата на крајот беше изразена со 12 гола повеќе, односно нашиот ривал не совлада со резултат 43-22.
Од вардарки две денеска забележаа погодоци, станува збор за пикерот Ивана Џатевска и бекот Ана Марија Божиновска. Тие погодија по два пати на оваа средба во мрежата на ривалот.
МАКЕДОНИЈА: Илјаз, Мицевска 1, Дамчевска 4, Ѓорѓиевска, Трајковиќ 2, Божиновска 2, Трпевска, Калајџиевска 1, Тасевска 2, Смајлоска 2, Џатевска 2, Јанкуловска 2, Кипријановска 4, Седлоска, Динарица, Цветановска.