Одреден е терминот за полуфиналниот натпревар помеѓу екипите на ЖРК Вардар и ЦСМ Букурешт. Истиот ќе се одигра на 6-ти мај со почеток од 17:45 часот. Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Ѓер и Будуќност, меч кој ќе се одигра од 15:15 часот. Другиот ден во истите саатници ќе бидат закажани и големото финале, како и малото во борба за бронзениот медал во лигата на шампионите.
Ги имаме сите предуслови и на овој завршен турнир да гледаме квалитетен ракомет. Тоа се најдобрите четири екипи и од минатата сезона, а очекуваме новиот владател на Европа да биде екипата на Вардар.