На денешен ден пред точно шест години, екипата на ЖРК Вардар за прв пат во својата историја успеа да освои бронзен медал.
На завршниот турнир во Лигата на Шампионите, кој се одржа во Будимпешта, во сезоната 2013/14, во своето прво историско учество на Ф4 турнирите, вардарки успеаа да го освојат третото место. Во малото финале, избраничките на Индира Кастратовиќ беа подобри од екипата на Митјиланд, која ја совладаа со резултат 34:31. Најефкасни на тој дуел во нашиот состав беа Николиќ и Радичевиќ кои постигнаа по 6 голови.
Претходно во полуфиналето, екипата на Вардар доживеа пораз од тимот на Будуќност (20:22).