Зад нас е некомплетното 11.коло во женската ракометна Супер лига. Ова коло го одбележа дербито Куманово-Металург кое пропадна на домаќините. Кумановки се тим кој досега на десет меча впишаа исто толку победи, целосно доминираа во дербито и го добија со двоцифрена предност. Чаир минимално но доволно го совлада тимот на Спартак, а нашиот црвено-црн тим немаше проблеми на мечот со Овче Поле. Од ова коло остана за одигрување мечот Кузман-Гевгелија, дуел на екипи од дното на табелата, натпревар кој не менува многу за нашата позиција на табелата.
На врвот на табелата по победата во дирекниот дуел со Металург остана единствената непоразена екипа досега тимот на Куманово. Избраничките на Симе Симовски на коло до крај ја обезбедија „есенската круна“. Вардар по победата дома над Овче Поле ја намали предноста на Металург на само три бода, па со победа во директниот дуел во последното коло би избиле пред нив за време на паузата. Колку нас бодови има новајлијата во лигата Чаир и екипата на Стружанка која во последното коло е слободна.
1 | ЖРК КУМАНОВО | 10 | 10 | 0 | 0 | 30 |
2 | ЖРК МЕТАЛУРГ | 10 | 9 | 0 | 1 | 27 |
3 | ЖРК ВАРДАР | 10 | 8 | 0 | 2 | 24 |
4 | ЖРК СТРУЖАНКА | 11 | 8 | 0 | 3 | 24 |
5 | ЖРК ЧАИР | 10 | 8 | 0 | 2 | 24 |
6 | ЖРК ДЕСПИНА | 10 | 6 | 0 | 4 | 18 |
7 | ЖРК СПАРТАК | 10 | 3 | 2 | 5 | 11 |
8 | ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ | 10 | 3 | 0 | 7 | 9 |
9 | ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 | 10 | 2 | 2 | 6 | 8 |
10 | ЖРК ГЕВГЕЛИЈА | 9 | 2 | 1 | 6 | 7 |
11 | ЖРК АЛУШOВСКИ | 10 | 1 | 1 | 8 | 4 |
12 | ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ | 10 | 1 | 0 | 9 | 3 |
13 | ЖРК КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН | 10 | 1 | 0 | 9 | 3 |