По одигрувањето на 12.коло во женската младинска ракометна лига ништо не е сменето, ЖРК Вардар повторно е лидер. „Црвено-црните” победија на гости кај ЖРК Шампион со убедливи 30 гола разлика. Победата беше рано обезбедена уште на самиот почеток кога поведовме со 1-7.
Триумфот на крајот дојде извојуван со резултат 10:40. На овој дуел најистаканти во „црвено-црниот” табор беа Трпевска Ивона која даде 9 гола, голманот Симона Грујовска имаше 8 одбрани, а пак крилото Петковска Мирјана дуелот го заврши со 8 погодоци. Покрај нас, победи остварија и екипите на Металург и Куманово кои не следат на табелата. Ова се резултатите и табелата по 12.коло:
- ЖРК Металург – ЖРК Лихнид 2012 31:18
- ЖРК Гевгелија – ЖРК Куманово 24:36
- ЖРК Шампион – ЖРК Вардар 10:40
- ЖРК Стружанка – ЖРК Кузман Вардар Илинден 37:30
- ЖРК Чаир -слободен
Напомена: Викендов, Вардар беше слободен во 13.коло, за кое сеуште нема потврдени резултати од страна на федерацијата.