Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најава на претпоследното коло во женската ЛШ, Вардарки против Битигхајм го “заверуваат“ првото место во групата
Најава на претпоследното коло во женската ЛШ, Вардарки против Битигхајм го “заверуваат“ првото место во групата

Најава на претпоследното коло во женската ЛШ, Вардарки против Битигхајм го “заверуваат“ првото место во групата

Во претстојниве три дена ќе се одигра претпоследното деветто коло во главната рунда од женската лига на Шампиони. За нас интересна е групата 2, во која се натпреварува и екипата на Вардар.

Токму Вардарки го отвараат колото и тоа со мечот кој на програмата е во текот на утрешниот ден, а противник ни е е тимот на Битигхајм. Во минатото коло, црвено-црните го доживеаа првиот пораз оваа сезона, на гостински терен од екипата на Мец, која е наш најголем конкурент за освојување на првото место во групата. Сепак после ова коло многу работи можат да бидат појасни, околу конечниот пласман на табелата на сите екипи во оваа група. Избраничките на Дибирова и Парондо беа убедливи на гостувањето во Германија, кога славеа со резултат од 26:28, па се освен победа на утрешниот меч за Вардарки ќе биде големо изненадување. Од друга страна, Битигхајм после поразот на домашен терен од Турингер и теоретски ги загуби шансите, за да се вмеша во борбата за четвртото место на табелата.

После одигрување на ова коло многу работи можат да бидат појасни и околу пласманот на втората позиција на табелата. Дербито на групата се игра во Будимпешта, каде ФТЦ ќе биде домаќин на тимот на Мец. На табелата Мец има 12 бодови и е на второто место, додека на третата позиција е ФТЦ, која има 10 бодови. Доколку сакаат унгарките да го нападнат второто место ќе мора да слават на овој дуел, кој на програмата е во сабота, но и со разлика поголема од два гола, со оглед дека на првиот меч одигран во Франција, Мец беше тимот кој победи со резултат 27:25. Во случај на ист број на освоени бодови, на крајот одлучува меѓусебниот дуел.

После поразот на домашен терен од ФТЦ, тимот на Будуќност си го отежни патот, кон пласманот во четврфиналето. Црнагорките во недела имаат “незгодно“ гостување во Германија, на екипата на Турингер, која се наоѓа во добра форма, откако во претходното коло убедливо на теренот на противникот го совлада Битигхајм. Во случај Турингер да слави на овој меч, двете екипи ќе имаат еднаков број на освоени бодови, па последното коло ќе одлучува кој ќе заврши на четвртото место, кој носи пласман во следната елиминациска рунда. На првиот натпревар одигран во Подгорица, славеше Будуќност со резултат 29:21.

Како изгледа табелата во групата 2, пред одигрување на претпоследното коло:

1. Вардар 14

2. Мец 12

3. ФТЦ  10

4. Будуќност 6

5. Турингер 4

6. Битигхајм 2