Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Продолжуваат настапите на “Букурешт трофеј“ , денес играме со ЦСМ Букурешт
Продолжуваат настапите на “Букурешт трофеј“ , денес играме со ЦСМ Букурешт

Продолжуваат настапите на “Букурешт трофеј“ , денес играме со ЦСМ Букурешт

После еден ден пауза, денес екипата на Жрк Вардар продолжува со настапи на “Букурешт трофеј“. Противник е домаќинот на овој овој турнир, тимот на ЦСМ Букурешт. Овие две екипи во меѓусебен дуел ќе одлучат за тоа кој ќе биде прво место во групата, кој ќе му овозможи да игра во финалето на турнирот. Вчера се одигра дуелот помеѓу Романските претставници ЦСМ Букурешт и Корона Брашов, на кој поуспешен беше Букурешт, победувајќи со резултат 29:23 (14:10).

Се работи за одлична екипа составена од неколку квалитетни ракометарки, која многу вложува во последниве две години. Нивни најопасни играчи се русинката Екатерина Веткова и Линеа Торстенсон. Во сезоната која претстои ќе играат и во Лигата на Шампионите. Пред неколку дена во супер купот на Романија, доживеаа пораз од најдобриот романски тим Баја Маре, со резултат 25:31.  Се надеваме дека денес Вардарки ќе пружат подобра игра од првиот натпревар со Брашов и порано ќе ја осигураат победата. Овој дуел ќе се игра со почеток од 17:30 часот.

Во другата група, денес играат Будуќност и Баја Маре. Будуќност во првото коло беше поуспешен од Ростов Дон(26:23). Вчера Русинките пак забележаа триумф против Баја Маре (29:25).