Прв пораз во 2021 во лигата денес доживеа ЖРК Вардар, ние бевме поразени во Куманово. Освојувачот на двата пехари во женската конкуренција оваа сезона не совлада со резултат 33-22(16-14).
На почетокот домаќинот поведе со 2-0, ние направивме резултатски баланс и намаливме само на гол негатива (4-3). Следеше криза во нашата игра и серија 5-0 по која Куманово поведе со убедливи 9-3. Девојките во црвено-црни дресови успеаа да искочат од кризата, негативата од шест гола значајно ја намалија и со активен резултат заминаа на одмор. Домашниот состав водеше само со два гола, односно на пауза заминаа со предност од 16-14.
Се боревме одлично на почетокот на вториоте 30.минути на напреварот од ова 23.коло, успеавме да се доближиме на само гол негатива при резултат 20-19. Потоа голема црна дупка во нашата игра, и крах во сите линии. Домаќинот до крај погоди 13.пати, а ние ние вративме со само 3.гола, дури 10.гола повеќе примивме во нашата мрежа во продолжението.
Кај нас Трпевска Ивона погоди 7 пати, по три гола пишаа Џатевска Ивана и најмалата Сара Стефаноска. Илиќ Андреа сопре 17.топки, во игра влезе и Грујовска Симона која додаде три интервенции на контото.