За девојките на Вардар, денес почнуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната. Според планот првиот собир ќе биде во салата при Спортскиот центар „Јане Сандански” каде тренерот Давид Дејвис ќе го има комплетниот тим на располагање.
Во ростерот ќе бидат и Камила Херем која се закити со злато на Е.П во Шведска и “бронзените” Амандин Лејно и Алаксандра Лакрабер. Планот за подготовки е следен до петок девојките ќе се тренира во Скопје, потоа црвено-црните ги очекуваат и мечеви од првиот круг во Регионалната ВРХЛ лига. Избраничките на Камара во петок напладне заминуваат за Црна Гора.
Во Подгорица во сабота вардарки имаат дуел со Будуќност, а во недела ќе играат во регионалното натпреварување со тимот на Крим. Познати се и саатниците за дуелите, со домаќинот мечот во сабота се игра од 18,30 часот, мечот другиот ден, в недела со Крим Меркатор ќе се игра од 16-00 часот. Оваа прва етапа во регионалното, возобновено натпреварување е подготовка за финалната фаза во ЕХФ Лигата на шампионки.