Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ ја предводеше Ц. Гора до 1/4 на СП во Данска
Радичевиќ ја предводеше Ц. Гора до 1/4 на СП во Данска

Радичевиќ ја предводеше Ц. Гора до 1/4 на СП во Данска

Вчера се одигра вториот дел од 1/8 натпревари на светското ракометно првенство за жени, кое изминатиов период се одржува во Данска. Седум ракометарки на Вардар со своите репрезентации веќе обезбедија пласман меѓу осумте најдобри на светот.

Репрезентацијата на Црна Гора немаше поголеми проблеми во дуелот со Ангола и само ја продолжи успешната победничката серија, која ја започна во групната фаза. Ангола беше недостоен противник за девојките на Аџиќ, кои како брз воз го прегазија противникот. Црна Гора имаше постојано водство во текот на целиот натпревар. Започнаа со предност од 5:0 и 8:1, која најавуваше супериорен меч и конечен триумф. На полувреме Анголките ја намалија таа негатива, на одмор се замина со резултат 19:13. Во второто полувреме Ц. Гора не пропушти ништо на случајноста, рутински со половина од своите сили високо ја совладаа Ангола, со резултат 38:28. Радичевиќ ја предводеше својата репрезентација до пласман во 1/4 со своите девет погодоци. Вардаровото крило, пружа одлични одлични игри на ова СП и е еден од најдобрите поединци во селекцијата на Ц. Гора. Настапија уште Кликовац и Итана Грбиќ, која постигна еден гол.

Франција на Лејно и Дембеле, исто така обезбедија учество во 1/4, откако во еден неизвесен натпревар беа подобри од Шпанија. Со гол од пенал, по истекот на регуларното време Франција се радуваше на триумфот. Иако Шпанија на полувреме имаше три гола предност, на крајот Франција славеше со резултат 22:21. Дембеле успеа да постигне еден гол во победата на својата селекција.

Хмирова и Черноиваненко со Руската репрезентација го продожија маскималниот ефект на добиени мечеви на ова светско првенство. По првите пет победи во групната фаза, избраничките на Трефилов ја оставрија и шестата победа, која им донесе пласман во осумте најдобри. Јужна Кореја беше новата жртва за Русинките, кои полека но сигурно најавуваат враќање во врвот на светскиот ракомет. Со резултат од 30:25 беше совладана селекцијата на Јужна Кореја, во осминафиналниот дуел.