Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ со 19 гола го “потопи“ Пелистер, за нова победа во супер-лигата
Радичевиќ со 19 гола го “потопи“ Пелистер, за нова победа во супер-лигата

Радичевиќ со 19 гола го “потопи“ Пелистер, за нова победа во супер-лигата

Нашиот женски ракометен шампион ја забележа шесттата победа во плејофот од супер лигата, откако денес беа подобри од екипата на Пелистер. Овој меч се одигра во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, на кој ние бевме “условно“ гости. Конечниот резултат гласеше 16:51.

Самиот резултат ја отсликува ситауцијата на теренот на денешниот натпревар, кој започна со гол за Вардар. Највеќе што успеа да направи, “домашниот“ тим е да поведе со 2:1. Црвено-црните започнаа полека да ја преземаат играта и до крјаот на мечот да го контролираат резултатот. Успеваме да постигнеме три погодоци во серија и да ја преземеме предност. Првото поголемо одлепување од противникот се случи, кога при резултат 4:6, правиме серија од 0:6 за највисоки во тие моменти 4:12. Во следните пет минути, противникот успева да постигне повеќче погодоци од нас и да намали на 8:14. Сепак од тие моменти следни нова серија на погодоци од наша страна, за водство од 8:22. До крајот на првото полувреме, Пелистер постигнува само еден погодок, додека Вардар погодува пет пати, за резултат од 9:27 по првото полувреме.

Ништо ново не се случуваше ниту во вториот дел. Како одминуваше натпреварот се повеќе ја зголемувавме разликата во наша корист. Уште пред на почетокот на мечот беше јасно кој ќе биде победник, само прашање беше со колкава разлика ќе успееме да победиме. Повторно најефикасна во нашиот состав беше Јованка Радичевиќ со 19 голови, додека Сираба Дембеле постигна 10. Утре не очекува нов натпревар, против екипата на Металург во Автокоманда.

ЖРК Вардар: Петковска, Радичевиќ 19, Кликовац, Дамњановиќ 3, Лејно, Лазовиќ 3, Дембеле 10, Сокач 6, Пенезиќ, Черноиваненко 3, Човиќ, Ихнева 2, Суслина, Хмирова 3, Грбиќ 2,