Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сокач и Грбиќ си најдоа нови клубови, го напуштаат Вардар
Сокач и Грбиќ си најдоа нови клубови, го напуштаат Вардар

Сокач и Грбиќ си најдоа нови клубови, го напуштаат Вардар

И дефинитивно двете крила на ЖРК Вардар, младата репрезентативка на Црна Гора Итана Грбиќ, и хрватската репрезентативка Маја Сокач од следната сезона нема да бидат дел од нашиот шампион. И двете ракометарки си најдоа нови ангажмани каде ќе продолжат со играње на професионален ракомет.

Младата Итана Грбиќ која дојде во Вардар како големо засилување на Вардар на крилните позиции, не се снајде најдобро во нашиот тим. Итана во црвено – црното семејство дојде во 2014 година, но не одигра многу натпревари за нашиот тим, и беше трет избор на крилната позиција. Младата и талентирана Грбиќ се враќа во Црна Гора во тимот на ЖРК Будуќност.

Покрај Грбиќ, и искусната Маја Сокач се разделува со Вардар. Сокач од следната сезона договори трансфер во таборот на Јенимахал во турскиот шампионат. Маја Сокач во Вардар беше цели три сезони, освои многу титули во домашниот шампионат, но и постигна Европски успех исто така со Вардар со трето место во Европа.

Им посакуваме се најдобро на Грбиќ и Сокач во новите клубови.