Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Евгенија Ристевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, бидејќи само така можеме да го покажеме нашиот талент
Евгенија Ристевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, бидејќи само така можеме да го покажеме нашиот талент

Евгенија Ристевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, бидејќи само така можеме да го покажеме нашиот талент

Изминатиов викенд стартуваше пролетниот дел во ракометната “Јуниор“ лига. И оваа сезона ќе ги бараме победниците во ова натпреварување во сите возрасни генерации во машка и женска конкуренција. Една од школите која е дел од овој голем проект е РК Кале од Кичево која успешно се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Тие се победници во својата возрасна генерација 2004/05 од минатата сезона, а нивни член е Евгенија Ристевска која ќе запознае со нејзините почетоци во ракометот и школата каде игра, мислењето за Јуниор лигата, како и впечатоците од зимскиот турнир на кој нејзината екипа стана шампион.

-На почетокот јас сакав да тренирам кошарка, но татко ми ме запиша на ракомет. Моите први тренинзи беа пред 3 години кога воопшто не сакав ракомет.

РК Кале располага со квалитетни ракометарки, отука и успехот на генерацијата 2004/05 е неминовен.

-Јас мислам дека школата во која тренирам РК Кале, според мене е најуспешната школа во нашиот град, па и пошироко, затоа што нашите тренери Драган Кузманоски, Ѓоко Маркоски и Анастасија Стефаноска на тренинзите се трудат многу, за да имаме многу успешни утакмици и да го совладаме тоа што тие го кажуваат.

Впечатоците од ова натпреварување се позитивни за сите учесници, кои добиваат можност преку континуирано играње на натпревари да напредуваат и стекнуваат искуство.

-Проектот за “Вардар јуниор лигата“ е супер, запознав многу пријатели. Исто така оваа лига има значење за нас младите затоа што таму можеме најмногу да го покажеме нашиот талент, колку ние најдобро можеме да изиграме.

И оваа сезона, РК Кале кај генер.2004/05 игра одлично и повторно е најголем претедент за освојување на првото место.

-Резултатите се многу добри, скоро секоја утакмица сме победници со голем број на разлика. Јас сум многу задоволна од резултатите и мојата екипа, играме сложно и најдобро што можеме. Највпечатливо кај мене е она што утакмиците што беа изиграни, беа одлични, исто така и нашите тренери беа задоволни, од играта и резултатите.

Секако желбата е еден ден да се стигне до младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.

-Мојата цел е да бидам, не најдобра, но една од подобрите ракометарки на Вардар. Мојата цел исто така е јас и мојата екипа да постигнуваме како и до сега добри и убедливи победи.

16142481_1398242486854853_9222829291058427135_n

На турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ РК Кале го освои првото место, откако во големото финале ја победија екипата на РК Кастратовиќ.

-Јас навистина сум многу задоволна од мојата екипа, од мене не бев премногу, но изиграв добро. Очекував дека ќе бидиме прво место, затоа што предходните утакмици ги имавме сите победено. Во финалето се сретнавме со екипата на  Кастратовиќ. Беше тешко и неизвсно, но сепак јас и мојата екипа дадовме се од себе и го освоивме прво место.

Звонко Ивановски