Утре, понедеделник 9.август со почеток во 9.00 часот, ЖРК Вардар ќе ги започне летните подготовки за есенската полусезона. Првиот собир е закажан рано наутро, на истиот по краток состанок ќе се одржи првиот тренинг.
Ќе прозизива Драгана Ристова која и оваа сезона е прв тренер на тимот со кој лани дојде до две „сребра“ во лигата и Купот. За голманите ќе биде задолжен понатака Александар Царчев, а девојките ќе ја имаат првата средба со новиот тренер, Борис Данески. Овој млад тренер ќе биде задолжен за кондиционата подготовка на тимот.
За утре е закажан еден тренинг, потоа до крајот на работната недела ќе има „двојна доза“, предпладневен тренинг во сала и попладневен на отворено.