Ракометарката на Вардар, Сара Ристовска се најде во изборот за најдобра млада ракометарка и тоа на својата позиција. Реномираниот ракометен портал „Хендбол Планет“ прави избор на најдобриот млад тим за оваа сезона во Лигата на Шампионите. На секоја позиција номинираше по четири ракометарки, а изборот го прават ракометни новинари од неколку различни земји. Конкуренција за Ристовска на позицијата десно крило ќе бидат, Ујкиќ ( Будуќност), Фолуеви (ФТЦ) и Зачова ( Баник-Мост).
Гласањето ќе биде отворено се до 21-ви мај, а за Ристовска можете да гласате на линкот, ТУКА.