Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Седлоска: Задоволна сум од нашата игра и победата на овој прв натпревар во новата сезона

Андреа Седлоска: Задоволна сум од нашата игра и победата на овој прв натпревар во новата сезона

Со победа стартуваше новата сезона за кадетките на Вардар во лигата, кои беа подобри од екипата на Вардар-Неготино. Уште од првата минута на натпреварот имавме водство кое се повеќе се зголемуваше како одминуваше мечот. На полувреме му дозволивме на противникот да постигне само пет гола, напротив 22 погодоци за Вардарки. Уште во овој дел од играта беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој прв воведен дуел во новата сезона. Тренерскиот тандем Ристова-Пецевска им даде шанса за настап на сите играчи, кои беа на располагање за дуелот против Вардар-Неготино. Посебно се истакна Андреа Седлоска, која беше втор најефикасен играч во составот на Вардар, со вкупно 6 постигнати голови. Прв стрелец беше Миновска со 7 погодоци.

-Задоволна сум од нашата игра на овој прв натпревар во новата сезона. Игравме многу добро и во нападот и одбраната и во ниеден момент немавме проблеми со нашата игра. Резултатот е одличен, посебно во првото полувреме кога водевме со голема разлика. Во вториот дел малку се отпуштивме, но сепак најважно е дека го надигравме противникот и заслужено стигнавме до првата првенствена победа, изјави на кратко Андреа Седлоска.

Звонко Ивановски