Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Седум ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци на вториот контролен меч на Македонија против Србија
Седум ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци на вториот контролен меч на Македонија против Србија

Седум ракометарки на Вардар се запишаа во листата на стрелци на вториот контролен меч на Македонија против Србија

Втор пораз на сениорската ракометна репрезентација во дуелите против Србија. Вчерашниот меч на овие две репрезентации се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, кој заврши со убедлив триумф на нашиот северен сосед (27:43).

Само во првото полувреме избраничките на Симе Симовски одржуваа резултатска неизвесност, кога на одмор се замина со резултат 15:18 за противникот. Во второто полувреме немавме сили да парираме на Србија, состав во кој има многу ракометарки со интернационално искуство, наспроти Македонија во чиј состав доминираат млади ракометарки, кои допрва треба да покажат што поседуваат.

Од ракометарките на Вардар на овој втор контролен натпревар во листата на стрелци се запишаа: Маја Трпковска (3), Теодора Керамитчиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Сара Ристовска и Наташа Нолевска со по 2 погодоци, додека во листата на стрелци со еден гол се запиша и Сара Митова. Голманките на Вардар СЦЈС, Белмезова и Петковска имаа по пет успешни интервенции.