Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар убедлив во сестринскиот дуел со младите колешки од Јуниор
ЖРК Вардар убедлив во сестринскиот дуел со младите колешки од Јуниор

ЖРК Вардар убедлив во сестринскиот дуел со младите колешки од Јуниор

Првотимките на нашиот женски ракометен колектив беа доминантни и убедливо  им нанесоа пораз на своите помлади колешки од екипaта на ЖРК  Вардар јуниор. Во меѓусебниот дуел тие победија со високи и  убедливи 43:9. Ова беше меч  во рамките на 3-то коло од плеј-офот во женската  Супер лигата.

Избраничките на Симе Симовски на овој дуел се водеа  формално беше домаќин, истиот се одигра во  малата сала  при нашиот ракометен храм  „Јане Сандански“. Во овој однапред решен дуел во кој само гол-разликата беше непознаница тренерскиот двоец Индира Кастратовиќ -Давид Дејвис реши да ги одмори и да не бидат дел од составот за ова соочување  Ина Суслина и Андреа Пенезиќ. Првотимките денес дојдоа до втората победа во вториот меч од плеј-офот од македонското женско ракометно првенство. Натпреварот почна со водство на повоздрасните , но младите вардарки од  Јуниор  намалија  на 2:3. Потоа се разбуди шампионот и  следуваше голема серија од 9-0, по која на семафорот стоеше резулатот  13-2 негде на половина од  играта во првиот период . Избраничките на  Симе Симовски, се вратиjа малце во ритам и успеаа да стигнат до резулат 15-5. Но во последните   10 минути од првото полувремето, а пак избраничките на   Кастратовиќ и Дејвис одговорија со нова серија од 8-0 и за огромни 23:5 заминаа на одмор. Вториот дел беше чиста формалност бидејќи повоздрасните тргнаа со 6-0. Во цел втор период избраничките на Симовски постигнаа само 4 гола, а примија 20 за да мечот го завршат со резулат 9:43. Наjефикасни во победничкиот табор беа Радичевиќ со 7 гола , потоа  Кликовац погоди 6 пати и  Хмирова стрелаше 5 пати прецизно, кај Вардар Јуниот најистакната беше Стојановска која зад своето име впиша 5 гола.

 Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Петровска, Стојановска 5, Трпковска 2, Ѓеоргиевска 2, Николовска, Митова 1, Бојациска, Нолевска 2, Велкова, Трајчевска, Џини, Керамичиева, Мишевска, Гичевска.

ЖРК Вардар: Петковска, Лејно, Радичевиќ 7, Кликовац 6, Дамњановиќ 4, Лазовиќ 4, Дембеле 3, Сокач 2, Алтхаус 3, Черноиваненко, Човиќ, Ихнева 3, Хмирова 5, Лекиќ 2, Ристовска 4, Грбиќ.