Денес со почеток од 18:00 часот, екипата на Жрк Вардар ќе го одигра првиот натпревар на турнирот “Букурешт трофеј“ во организацијана ракометниот клуб ЦСМ Букурешт.
На него ќе учествуваат силни европски екипи, меѓу нив е нашиот шампион и актуелниот европски првак-Будуќност. Нема многу одмор за нашите девојки кои од Франција, директно слетаа во Романија да учествуваат на овој силен турнир. Првиот натпревар е на програмата денес, против екипата на Корона Брашов. Истиот ќе можете да го проследите на следниов линк- ТУКА