Пионерките на Жрк Вардар започнаа со тренинзи за новата сезона, со големи промени во играчкиот кадар. Екипата ја напуштија дури девет ракометарки кои си најдоа нов клуб. Ана Божиноска, Михаела Крстиќ, Ивона Ангелеска, Ана Ристевска, Невена Ацевска, Ивона Арсовска, Анета Тодоровска, Ангела Колева и Златица Бошкоска, не се повеќе дел од овој тим на Вардар. Испразнетото место по нивното заминување го пополнија десет нови имиња, кои ги засилија пионерките за претстојната сезона. Нови играчи се: Јована Величковска, Марија Танчева, Мила Митровска, Александра Марковска, Катерина Ничовска, Јелена Чириќ, Ивана Блажевска, Ивана Ристевска, Елена Бабунска и Анастасија Нелоска.
Пионерките нема да заминат на подготовки и ќе останат во Скопје. Тренинзите се одвиваат секој ден во сала и трчање на кеј. Екипата имаше можност да настапи на ракометниот турнир “Скопје куп“, каде беа поделени во два тима. Анжела Платон останува главен тренер, нејзин помошник е Александра Кузмановска. Останува на екипата добро да се подготви за новата сезона и да остварува само победи.