Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стружанка го совлада О.Поле и гостува во финалето кај ЖРК Вардар
Стружанка го совлада О.Поле и гостува во финалето кај ЖРК  Вардар

Стружанка го совлада О.Поле и гостува во финалето кај ЖРК Вардар

Вчера, ракометарките на Стружанка очекувано стигнаа до победа против составот на Овче Поле СУ со 24:16 (9:11) и обезбедија дуел против екипата на Вардар за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Денес во финалето од 1/4-финалната група екипата од Струга гостува во Скопје  кај нашиот Вардар. Победникот од овој финален дуел ќе се пласира на Ф-4 турнирот во Купот на Македонија. Напреварот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ е закажан со почеток во од 17-00 часот.