Во дербито на 5 коло во женската “скопско супер-лига“ , екипата на Жрк Вардар јуниор направи подвиг совладувајќи го првиот тим на Металург, на теренот во Автокоманда. Дуел кој имаше неизвесна завршница, во кој нашите девојки влегоа со предност од два гола, која ја зачуваа до крајот на 60 минути. Конечниот резултат гласеше 21:22. Металург беше подобар во првата половина на двете полувремиња, сепак последните 10 минути од двата дела им припаднаа на црвено-црните, кое на крај се покажа како пресудно за конечниот победник. Во нашите редови Керамичиева беше најефикасна со 8 голови, додека Ангела Тодоровска постигна 5.
-Добрата и силна одбрана го реши натпреварот. Влеговме мотивирано во овој дуел, силно и сконцетрирано со трпелив напад. Од играта можам да кажам дека сум презадоволна, затоа што секоја од нас го пружи својот максиум и покрај неизвесниот меч.
Вардарки продолжија со максималниот ефект на победи во лигата. Ова е вкупно петта победа од исто толку одиграни мечеви. Нема многу одмор за избраничките на Симе Симовски, кои ги очекува два натпревари во рамките европските натпреварувања.
Оваа победа многу значи за нашата самодоверба и мотивација, затоа што ни претстојат два важни натпревари во европските натпреварувања. Им честитам на моите соиграчи за борбеноста и упорност, изјави Ангела Тодоровска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски