Македонската женска репрезентација денес ќе го игра натпреварот од 5. коло во ЕХФ Евро Купот против селекцијата на Норвешка. Во Скопје, европскиот и светски првак гостува без главните ракометарки, но и покрај тоа останува фаворит на мечот.
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот, селекторот на црвено-жолтите го одреди стартниот состав во кој има место за сите три вардарки. Од нашиот тим дел од А-селекцијата на вечерашната средба ќе бидат: Ивана Џатевска, Сара Миновска и Бојана Коцева.