Одличниот квалитет на кадетската екипа на ЖРК Вардар не останува не забележан. Селекторот на женската македонска селекција повикува три „лавици“ да се придружат на подготовките на младинската селекција која моментално работи во Маврово и ќе остане таму се до 2.јули по што ќе следува враќање во Скопје.
Денес трите девојки од тимот предводен од Анжела Патон и Марија Папуџиева ќе се приклучат на црено-жолтите младинки. Станува збор за пикерите, Мила Пешиќ и капитенот на тимот Александра Коловска. Покрај нив третта која ќе се придружи е девојката која игра на бековската позиција Наталија Максимовска.