Пионерките на ЖРК Вардар предводени од Платон стигнаа до третата победа од исто толку натпревари оваа сезона. Денеска младите девојки на Вардар славеа убедлива победа над Металург со резултат 10-25 (7-10) пред гостинските гледачи во Автокоманда.
Натпреварот започна изедначено, по пет минтуи игра беше 3-3. Потоа со два гола во серија Вардарки се одлепија на плус два. Како одминуваше натпреварот во првиот дел така Вардар играше се подобро и по сигурно. Па така некаде околу 20-сетата минута црвено – црните имаа и предност од 5-9. На полувреме се замина со плус три за Вардар, 7-10. Во вториот дел Вардар одигра маестрално. Со серија на погодоци, некаде околу 43. минута нашиот тим дојде и до максимални и убедливи на овој дуел 9-15. До крајот на дуелот Металург немаше сила да постигне ниту два погодоци, па така со само еден гол до крајот на мечот застана на 10. Додека пак Вардар немилосрдно го полнеше голот на противникот. За на крај, да победи со дури 15 голови разлика.
Кај Вардар најефикасни беа Зорица Андоновска со седум, Мила Пешиќ со пет и Коцева Борјана со четири гола.