Со вчерашните натпревари се комплетираше групната фаза од лигата на шампионите во женска конкуренција. По одиграни шест рунди, во четири различни групи, ги добивме сите патници кои ќе патуваат во втората фаза од ова натпреварување. Сега Вардарки во наредната фаза ќе вкрстат со групата “А”. Во неа, понатаму продолжија: Будуќност со 6 бодови, потоа Мец со 4 и Турингер со два бода. Во јануари нашите девојки ќе одиграат по еден меч дома/гости со сите овие екипи. Во овие ново формирани групи треба да се напомене дека нашиот тим пренесува 7 бодови и ќе започне како првопласирана екипа.
Што се однесува до другите групи. Веќе во оваа фаза се случи едно големо изненадување. Рускиот тим Ростов Дон ги заврши натпреварите како последнопласирана екипа во својата група, и нема да продолжи во наредната фаза. Исто така има уште едно големо изненадување во оваа фаза но позитивно. Тимот на Крим во кој настапува Бајрамовска заврши како првопласиран во својата група “Д” со 8 бодови пред Ларвик и Есбјерг. Тимовите кои завршија со настапите во оваа сезона се: Како што кажавме Ростов Дон, потоа Лајпциг oд нашата група, Савехов од Шведска и Гласверкет од Норвешка. Со нови натпревари девојќите ќе започнат во јануари идната година.