Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Славеничката“ Мирјана Петковска му донесе победа на Вардар Јуниор во “сестринското“ младинско дерби против Вардар
“Славеничката“ Мирјана Петковска му донесе победа на Вардар Јуниор во “сестринското“ младинско дерби против Вардар

“Славеничката“ Мирјана Петковска му донесе победа на Вардар Јуниор во “сестринското“ младинско дерби против Вардар

Вечерва во С.Р.Ц. Кале стартуваше пролетниот дел од сезоната во женската мадинска лига, а силите во првото пролетно коло ги одмерија двете младински екипи на Вардар. Втор пат сезонава победата им припадна на Вардар Јуниор кои го совладаа “сестринскиот“ Вардар.

Мечот стартуваше со по два гола на двете страни, за Вардар кои се предводени од Анжела Платон први да успеаат да поведат со два гола разлика (2:4). Избраничките на Ристова-Пецевска намалија на 4:5, за Вардар со мини серија од два гола, да се одлепи на највисоки три гола (4:7). Заиграа поангажирано Вардар Јуниор и пред се поцврсто во одбраната, што даде резултат па со брзи три гола стигнуваат со израмнување на резултатот на 7:7. За  момент само поведе Вардар со 7:8, за Вардар Јуниор со нова серија од 3:0 да направи резултатски пресврт и да поведе со 10:8. Вардар се обидуваше да одржува чекор и да не дозволи пред време да се направи поголема разлика, но како се ближеше крајот на првото полувреме, избраничките на Ристова постепено, но сигурно ја зголемуваа разликата во своја корист. Беше и 14:10, за до истекот на првите 30 минути, Вардар Јуниор да стигне и до најголеми пет гола разлика (18:13).

Второто полувреме започна со гол на Вардар Јуниор, кој поведе со 19:13, а по само четири минути игра во овој дел од дуелот, Вардар Јуниор имаше и највисоки седум голови предност (21:14). Оваа стекната разлика се покажа и како решавачка за конечниот победник. Најмногу што успеваше да стори Вардар е да намали на пет гола негатива во неколку наврати, но Јуниор враќаше брзо со серија и повторноо го достигнуваше најголемото водство. Мало олабавување во последните четири минути од мечот, му овозможија на Вардар да ја намали раликата, кога мечот го заврши со три гола во серија, за конечен резултат од 32:29.

Најефикасна кај победничката екипа беше “славеничката“ Мирјана Петковска која денес слави роденден и постигна 10 голови. Ја следеа Стефанија Софтовска со 9 и Седлоска со 6 голови. Кај Вардар се истакна Анастасија Нелоска со 7 голови, додека  Ивана Блажевска и Кети Ангеловска постигнаа по 6 голови.

Вардар Јуниор: Трајковска, Гроздановска 1, Арсовска 1, Гонзалез 1, Петковска 10, Грујовска, Софтовска 9, Наскоска 3, Џатевска, Костовиќ, Миновска , Седлоска 6, Коларовска, Јаковчевска, Талевска 1.

Вардар: Бабунска, Ивановска Софкоска 2, Пешиќ, Нелоска 7, Сандева, Коловска 2, Величковска 1, Паланковска 1, Алушовска, Стојчевска 1, Блажевска 6, Цветковска 2, Костадиновска, Гоцевска 1, Ангеловска 6. 

Вардар Јуниор стигна до шесттата победа во рамките на младинската лига, додека Вардар го доживеа третиот пораз во лигата.