Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Металург го доби женското дерби со екипата на Вардар Јуниор
Металург го доби женското дерби со екипата на Вардар Јуниор

Металург го доби женското дерби со екипата на Вардар Јуниор

Дербито во женската супер лига, кое се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда, му припадна на Металург, кој беше оподобар во дуелот со екипата на Вардар Јуниор. На тој начин противникот им врати на Вардарки, за првиот пораз на стартот од сезоната, кога во С.Ц. Јане Сандански избраничките на Симовски славеа со резултат 27:25.

vardarfans-tekst

Вардар Јуниор одигра многу слав натпревар, што го потврдува фактот дека првиот гол го постигнавме дури во десеттата минута. Претходно домашниот тим направи серија од 6:0. До крајот на првото полувреме се одржуваше оваа разлика, за по истекот на привите 30 минути да имаме резултат 13:7. Во второто полувреме, избраничките на Симовски се обидоа да се вратат на мечот, но Металург беше далеку подобар на теренот. На крајот заслужена победа за Металург, со конечен резултат од 27:18.

Вардар јуниор по овој натпревар останува на 5. место на табелата со 11 бодови. Најефикасна на мечот беше Ива Божиноска која постигна седум голови.

ЖРК Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска 1, Карчева, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 2, Георгиевска 3, Диневска, Божиновска 7, Филипоска, Гичевска 3, Иванова 1 и Николиќ.