Амандин Лејно е херојот во победата на ЖРК Вардар, во дуелот со Ларвик. Голманката на црвено-црните имаше неверојатна двојна одбрана, од која втората беше во стилот на кунг-фу потег, во последните десет секунди од натпреварот. Лејно го заврши мечот со дури 20 успешни интервенции.
Погледнете ја неверојатната одбрана на Лејно, која ретко се гледа на ракометните терени.