Данскиот клуб Митјиланд ќе биде противникот на ЖРК Вардар во четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. Со денешната победа на ЧСМ Букурешт, јасно стана кој ќе застане на патот на ЖРК Вардар и четврта година по ред да се најде на фајналфор турнирот во ЛШ.
Митјиланд не е нималку наивен противник иако заврши како четврти во својата група. Овој дански тим на домашен терен игра одлично. За мало потсетување, овој тим на домашен терен оваа сезона го совлада силниот тим на Ѓер со резултат 25-21. Но, како и да е, вардарки се апсолутни фаворитки, треба да покажат дека и оваа сезона се меѓу најдобрите три тимови во ракометна Европа. Овие два натпревари ќе бидат одиграни во април месец.
На останатите 1/4 финални дуели се среќаваат:
ЧСМ Букурешт – Ференцварош
Будуќност – Ларвик
Ѓер – Мец