Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го “растурија„ Будуќност и се пласираа во финалето на турнирот “Вардар 2017„
Вардарки го “растурија„ Будуќност и се пласираа во финалето на турнирот “Вардар 2017„

Вардарки го “растурија„ Будуќност и се пласираа во финалето на турнирот “Вардар 2017„

Екипата на ЖРК Вардар стигна и до втората победа на турнирот “Вардар 2017„ откако попладнево беа подобри и од екипата на Будуќност. Црвено-црните славеа со резултат од 15:26.

Натпреварот со гол го отвори Пенезиќ за почетно водство на Вардарки, по што во својот прв напад реализираше и Будуќност за израмнување на резултатот. Црвено-црните уште од стартот наметнаа силно темпо на игра и ја превземаа контролата на играта. Следеше серија од 0:4, од кои два последователни голови беа на Радичевиќ и по еден на Лазовиќ и Пенезиќ за во 8 минута да имаме водство од 1:5. Во истата минута својот втор гол го постигна екипата од Подгорица за намалување на резултатот. Во нападот, тренеерот Дибирова започна со Саздовска, Пенезиќ, Лекиќ, Лазовиќ, Радичевиќ и Цвијиќ додека на голот беше Амандин Лејно која во првото полувреме имаше неколку одбрани. Избраничките на Аџиќ за момент заиграа подобро во одбраната, додека Вардар неколку минути беше постигнат гол, што му овозможи на противникот да го намали резултатот на 6:8 на средината на првото поувреме. Серијата на Будуќност за прекина Лазовиќ, за во следните 12 минути противникот да не постигне гол, а Вардар да направи серија од 0:6 и во 27 минута да има највисоко водство од 6:14. Лејно одбрани удар од седум метри, а од истава позиција реализираа Радичевиќ и Лекиќ, а пеналите беа изнудени откако на просторот од шест метри беше фаулирана Драгана Цвијиќ. Противниот конечно постигна гол за намалување на 7:14 и до истекот на првите 30минути по еден гол постигнаа двете екипи за на полувреме да се замине со резултат од 8:15 за Вардар.

Второто полувреме започна со серија на Вардар од 0:2 со головите на Саздовска и Лекиќ, за Будуќност да врати со три последователни голови и во 37 минута преку Јауховиќ да го намали резултататот на 11:17. Сепак Вардарки покажаа дека денес се далеку подобра екипа на теренот и вратија на ист начин со нова серија од 0:3, за во 40 минута со голот на Радичевиќ да имаме водство од 11:20. По пет минути  без гол на двете страни погодува Лекиќ од пенал за двоцифрена предност од 11:21, откако беше фаулирана пикерот Петровиќ. Гол успеа да постигне и Човиќ и тоа од крилна позиција за зголемување на 15:26.

Лекиќ беше најдобра со 6 гола, додека Пенезиќ и Радичевиќ додадоа по 5. Вардар со оваа втора победа во својата група обезбеди финале на турнирот кој го организира нашиот клуб.