Вардарки вечерва го одиграа првиот натпревар во новата 2017 година. Вечерва нашите девојки одиграа натпревар во рамките на турнирот од Регионалната ВРХЛ лига. Денешен противник на нашите девојки беше шампионот на Црна Гора, тимот на Будуќност. Овој натпревар заврши со победа на Будуќност со резултат 30:29.
Првиот дел и двете екипи го одиграа многу изедначено. Првите 30 минути од играта поминаа во знакот на двете голманки. Во првите 30 минути голманката на Будуќност, Батиновиќ успеа да запре девет удари на нашите девојки. На другата страна пак, Лејно исто така беше во препознатливото издание. Нашата голманка во првиот дел успеа да запре осум налети на домаќинот. На полувреме резултатот гласеше 16:16. Во тимот на Будуќност Неагу постигна пет погодоци, а Ахрук беше стрелец на четири. Во нашите редови Пенезиќ постигна три голови во првиот дел.
Вториот дел вардарки го одиграа многу полошо отколку првиот дел. Во второто полувреме вардарки направија многу технички грешки, посебно на крајот, што ги чинеа и пораз. Се играше многу изедначено се до 45 минута, потоа домаќинките направија серија и се одлепија на два до три голови предност. Последните седум минути од натпрварот беа многу неизвесни. Во 55 минута Вардар се доближи на 29:28 со одличните одбрани на Лејно, но поради техничка грешка не дојдовме во можност да се обидеме да израмниме, на другата страна погоди Неагу за 30:28. Потоа следуваше уште еден неискористен напад за нашиот тим. Херем имаше одлична можност да намали повторно на еден негатива, но неговиот удар го одбрани Ждериќ. На крај, нашиот тим загуби со резултат 30:29. Утре ќе одиграме натпревар против Крим.