Во рамките на 2.коло во женската ракометна Супер Лига, Вардар ќе гостува кај екипата на Скопје.
Вардарки атакуваат на првата првенствена победа, откако на отварање на сезоната одиграа со нерешен резултат во дербито со екипата на Чаир.
Натпреварот против Скопје е закажан да се одигра во недела (24.09) со почеток од 16:00 часот во спортската сала ФФОСЗ (ДИФ). Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Васе Зипевски од Гостивар.