Oд понеделникот, 9.август првиот тим на ЖРК Вардар ги стартуваше летните подготовки во Скопје. Се работи вредно, посветено два пати на ден, еднаш во сала еднаш на отворен терен каде што за кондицискиот дел се грижи новиот тренер, Борис Дaнески.
Со првиот тим работат вредно три девојки од кадетскиот тим на црвено-црните. Младите надежи од тимот на Платон и Папуџиева кои се со првиот им се Максимовска Наталија, Радевска Бојана и голманот Вероника Ѓорѓевска. Првите две официјално се прекомандувани во првиот тим, додека „чуварот на мрежата“ засега е само на помош во тимот.
Девојките одлично се вклопија со повозрасните колешки, веќе почнуваат да пулсираат во исти ритам.