Денес, кадетките на Македонија во Клаипеда во 4.коло играат клучен дуел за пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за девојки до 17.години. Во ова коло влегуваме со две победи и еден пораз, тој од вчера кој ни го нанесе Шпанија.
Во Литванија, денес на мегдан ќе ја имаме селекијата на Финска, натпреварот е закажан со почеток во 16-00 часот. Со победа одиме во разигрувањето на најдобрите четири тима на шампионатот, наша предност е што и реми на овој наптревар ќе ни донесе пласман понатака.