Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 16 и 17.коло! ЖРК Вардар му се одлепи на Чаир, Металург и Куманово без грешка
Преглед 16 и 17.коло! ЖРК Вардар му се одлепи на Чаир, Металург и Куманово без грешка

Преглед 16 и 17.коло! ЖРК Вардар му се одлепи на Чаир, Металург и Куманово без грешка

Викендов и во средината на минатата недела се одиграа две кола во женската ракометна лига. На програмата беа 16 и 17.коло кај дамите во сениорската конкуренција. Кај топ-4 екипите кои се на врвот, Металург и Куманово дојдоа до две победи, Чаир повторно беше поразен во 16.коло овој пат од кумановчанки.

ЖРК Вардар најпрвин во средата го совлада Спартак со 31-22 во Јане Сандански во меч во кој имаше многу борба, но ние бевме поквалитетен ривал. Кај нас двоцифрени беа: Трпевска Ивона (10.гола) и Симона Грујовска (11.одбрани) на оваа средба. Вчера гостувавме кај Пелистер во Битола, меч за заборав победивме едвај со 26-27 кај тим кој е далеку послаб од нас, но во крајна линија бодовите се она што е најважно. На оваа средба Грујовска блесна имаше 52% одбрани при ударите (16.сопрени топки). Зад своите имиња имаа 5ки: Стефаноска, Илиќ и Трпевска.

16.КОЛО:

17.КОЛО:

*Сите резултати се поврзани и со клик на било кој пар ве носи до записникот од дуелот кој сакате да го погледнете.

167588557_10219305910060705_5065229582299549501_nb

Вардар започна со негатива оваа пролет во однос на Чаир од 2.бода, сега сме на плус четири и зацврстени на позицијата број три. Покрај нас максимален ефект оваа пролет имаат и Куманово и Металург. Табелата изгледа вака:

ТАБЕЛА ЖЕНСКА ЛИГА:

167997208_10219305936701371_4747759812172712535_ny6

Идното коло е предвидено начелно за следниот викенд, ние го пречекуваме тимот на Чаир, Куманово и Металург имаат лесни задачи, добар меч се очекува во Струга каде играат Стружанка-Спартак. ова е распоредот за 18.коло:

ИДНО, 18.КОЛО: