Вардар и тимот на ЖРК Чаир вчера одиграа тест-натпревар како подготовка за новата сезона. На дуелот одигран како гостин црвено-црните беа совладани со 32-31 , на оваа средба Царчев даде прилика на целиот ростер за настап.
Вардарки водеа во првиот дел со два до три гола до 22.минута, кога противникот успеа да изедначи и да отиде на одмор со гол предност 16-15. Во вториот дел повторно водевме до половината на истиот, Царчев даде прилика на следниот ростер, менуваше одбрани, со цел испробување на повеќе тактички варијанти. Во последната минута влеговме со резултат 31-31, домаќинот во самиот финиш постигна гол за победа на овој тренинг-натпревар со 32-31.
Капитенот Диневска Бојана беше прв стрелец со 7.гола, зад неа беше Сара Стефаноска со 5 успешни затресувања на мрежата, Магдалена Тошевска и Коцева Бојана дуелот го завршија со по 4.погодока. Кај нас голманите собраа 19.интервенции, Јована Трајкоска и Илиќ Андреа имаа по 8.одбрани, а Марија Галачева сопре 3.удари