Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Андреа Лекиќ во изборот на ЕХФ, три најдобри ѕвезди на колото во ЛШ
(ВИДЕО) Андреа Лекиќ во изборот на ЕХФ, три најдобри ѕвезди на колото во ЛШ

(ВИДЕО) Андреа Лекиќ во изборот на ЕХФ, три најдобри ѕвезди на колото во ЛШ

Екипата на ЖРК Вардар се врати на победите во Лигата на Шампионите, откако на домашен терен беше подобра од тимот на Битигхајм. Одличен меч одигра Андреа Лекиќ, која беше наша најефикасна ракометарка со 8 постигнати голови. Организаторот на играта на црвено-црните покажува дека се наоѓа во одлична форма, а тоа е добар знак пред четвртфиналето, во кое Вардар ќе биде голем фаворит за ново учество на завршниот турнир во Будимпешта. Токму Андреа Лекиќ се најде во изборот на ЕХФ за најдобрите 3 ѕвезди на колото во ЛШ, во кој уште се и голманката на ФТЦ, Бланка Биро и ракометарката на ЦСМ Букурешт, Аманда Куртовиќ.

Погледнето го видеото со најдобрите три ѕвезди на колото.