Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Пенезиќ и Лекиќ продолжуваат со добрите игри, повторно најдобри стрелци за Вардар на мечот со Турингер
(ВИДЕО) Пенезиќ и Лекиќ продолжуваат со добрите игри, повторно најдобри стрелци за Вардар на мечот со Турингер

(ВИДЕО) Пенезиќ и Лекиќ продолжуваат со добрите игри, повторно најдобри стрелци за Вардар на мечот со Турингер

Андреа Пенезиќ и Лекиќ играат одлична сезона во дресот на Вардар. Црвено-црните стигнаа и до третата победа во главната рунда, а вкупно осма последователна во лигата на шампиони. Избраничките на Давид Дејвис излегоа како победници и на гостувањето во Германија, совладувајќи ја екипата на Турингер. Повторно добар настап има Пенезиќ и Лекиќ кои беа главни предводници во нов триумф на својата екипа. Пенезиќ заврши како прв стрелец со 10 погодоци, од кои 7 беа во првото полувреме. Погледнете ги сите голови на Пенезиќ на неделниот меч.

Андреа Лекиќ го заврши натпреварот со 8 голови, од кои 5 беа во вториот дел. Пенезиќ е најефикасна ракометарка до овој момент со вкупно 53 постигнати голови со кои се наоѓа на петтото место на најдобри стрелци во ЛШ, додека Лекиќ има вкупно 32 голови и го зазема 24 место. Сите нејзини голови против Турингер