Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Висока победа на новата „контролка“ за лавиците, совладан Ѓорче на гости со 15 позитива
Висока победа на новата „контролка“ за лавиците, совладан Ѓорче на гости со 15 позитива

Висока победа на новата „контролка“ за лавиците, совладан Ѓорче на гости со 15 позитива

Девојките на Платон и Папуџиева вчера гостуваа кај тимот на РК Ѓорче Петров,  кадетки на ЖРК Вардар беа гостинки во салата во населеното место Волково. „Лавиците“ во меч во кој доминираа во сите аспекти на ракометната игра дојдоа до висока победа со 15.гола повеќе, ние триумфиравме со резултат 40:25 (25:13).
.
Доминиравме по првата судиска свирка, постојано бевме чекор-два пред ривалот. Од минута во минута ја зголемувавме предноста, имавме расположени голмани, одбраната беше на ниво. Во нападот разноврсни, па на пауза заминавме со значајна  предност од 7.гола повеќе. Погодувавме од позициони напади, и „казнувавме“ по контри. За време на одморот беше 13:20 за „лавиците“.
Во вториот дел продолжи истиот тренд на натпреварот, Платон и Папуџиева им дадоа шанса на сите девојки од ростерот.  Успеавме предноста од полувремето од минута во минута да ја зголемуваме, а потоа и да ја  дуплираме, па додадовме осум гола повеќе на истата. Победата дојде со 15 гола повеќе, односно со резултат 25:40 за младите цевено-црни дами.
.
Голманките имаа сопрено 20.удара, или 45% одбранети топки на оваа средба, Вероника Ѓорѓиевска  и Леа Христоска придонесоа за победата со  по  10 одбрани. Највеќе погодоци зад своите имиња имаа Зорица Андовска и Јана Равојска  кои впишаа по 5 гола. Капитенот, Александра Коловска погоди 4 пати, колку и Сара Стојанова  која имаше 2 од пенал.  Три девојки дојдоа до скор од три погодока: Мила Пешиќ, Сара Стефановска и Ива Ангеловска.

Другите девојки го имаа следниот скор: Бојана Коцева 2 гола,  Наталија Максимовска 1 гол, Борјана Коцева 1 гол,   Теодора Ангеловска 2 гола, Андреа Миланова 1 гол, Јована Трајановска 2 гола, Нина Попова  1 гол, Мила Крагељ 1 гол и Бојана Радевска 2 гола.