Следниот викенд на програмата е новото, 15.коло во женската ракометна сениорска Супер лига. Во ова второ коло во пролетниот дел од сезоната 2019/2020 година, црвено-црните дами ќе бидат гости во Прилеп.
ЖРК Вардар ќе гостува кај екипата на РК Деспина, натпреварот кој ќе се игра во салата „Р.Р-Ричко“ во Прилеп е закажан за 7.март (сабота). На дуелот кој започнува во 19:30 минути ќе се обидеме да дојдеме до втората победа оваа пролет во сениорската конкуренција, во првото коло дома го совладавме Спартак.
Тимот на Ристова, Црвенковска и Царчев за благ фаворит на овој натппревар. На првиот меч дојдовме до релативно лесна победа, уште на полувреме поведовме со 20-9. Во 2.полувреме ја задржавме рутината и триумфираве со високи 45-18. На таа средба Грујовска впиша 11 одбрани, Илиќ одбрани 9 удари, Седлоска и Миновска дуелот го завршија со по 8 погодока, Ѓорѓиевска испорача 7 погодока.