Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор совладан од ЖРК Пелистер
Вардар Јуниор совладан од ЖРК Пелистер

Вардар Јуниор совладан од ЖРК Пелистер

Вчера младите девојки од тимот на Вардар Јуниор ја пречекаа екипата на ЖРК Пелистер во дуел од домашната Супер лига. По поразот во истиот за избраничките на Симовски Симе, нашите млади ракометарки ќе заостануваат во однос на конкурентите во борбата за вице шампионската титула. Тие  во дербито на 21. коло на женската лига загубија со 26-28 (14-12) од тимот на зелено-белите.

По овој дуел црвено-црните  остануваат на петтото место со 36 бода, и сега заостануваат четири бодови во однос на Пелистер и Куманово, и пет во однос на второпласираниот Металург. На дуелот кој се одигра  во С.р.ц “ Кале“-Скопје  нашите девојки беа конкурентни  се до половината  на второто полувреме.  Ние одлично го завшивме првиот дел по кој имавме два гола предност,  на одмор дуелот го однесовме со резултат 14-12 во наша корист.

Потоа  на средината од вториот дел гостинките  успеаја да израмнат на 18-18, а потоа и да го преземат водството. До крајот се обидувавме да се вратиме во игра, сепак за жал тешко ни успеваше. До крајот бевме постојано близу па успеавме и да се вратиме за момент.  Божиновска го постигна својот 10 гол во 56 минута со кој  намали на 26-27, на повеќе од три минути до крајот. Сепак не успеавме да поенираме за жал и останвме без бодови. Во следното коло Вардар јуниор гостува кај Металург.

Вардар јуниор: Илиќ, Реџеп, Николовска 9, Карчева, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Трпчевска, Диневска 2, Божиновска 10, Филипоска 2, Иванова 1, Николиќ 1, Петковска, Галевска 1.