Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Победи на екипите на Бисинов и Кисела Вода -3
Јуниор лига: Победи на екипите на Бисинов и Кисела Вода -3

Јуниор лига: Победи на екипите на Бисинов и Кисела Вода -3

Денеска се одиграа нови натпревари во Јуниор лигата. На Кале денеска дуели одиграа екипите на РК Општина Кисела Вода Вардар 1 и Кисела Вода Вардар 3  и Бисинов и Кузман Вардар кај најмалата генерација која се натпреварува во црвено-црната лига.

Натпреваарот на Кисела Вода 1 и 3 го доби тимот на Кисела Вода 3 со резултат 3-18 (1-9). Во еден многу неинтересен дуел за гледање, тимот на Кисела Вода 3 доминантно победи со дури 15 голови разлика. Противникот имаше предност од 1-0 на овој дуел, за потоа да дојдат минутите на Кисела Вода 3, која до крајот на мечот доминантно победи. На полувремето овој тим имаше предност од 9-1. Во вториот дел дозволија само уште два гола на противникот за конечнит 3-19.

13115872_10206442602486055_1995114171_nДуел одиграа и екипите на РК Бисинов Вардар и тимот на РК Кузман Вардар. Овој натпревар за разлика од првиот на беше поинтересен за гледање со многу голови и на двете страни. На крајот дуелот го доби тимот на Бисинов Вардар со резултат 12-7 (6-3).

Се играше изедначено во почетните 5. минути од дуелот. Некаде кон шесттата минута резултато беше 4:2 за тимот на Бисинов. Тесниот резултат продолжи и до крајот на првиот дел каде тимот на Бисинов на пауза замина со три голови предност 6-3. Вториот дел исто така мина во знакот на победничкит тим, противникот се обидуваше да ја намали разликата но тешко му одеше. Некаде околу 40. минута резултатот беше 8-5 за тимот на Бисина. До крајот на дуелот Бисинов додаде во нова брзина и на крајот победи со пет разлика 12-7.