Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вероника Ѓорѓиевска со феноменална одбрана, Борјана Коцева стрелаше атрактивно, видео од целиот дуел со РК Макаловски
Вероника Ѓорѓиевска  со феноменална одбрана, Борјана Коцева стрелаше атрактивно, видео од целиот дуел со РК Макаловски

Вероника Ѓорѓиевска со феноменална одбрана, Борјана Коцева стрелаше атрактивно, видео од целиот дуел со РК Макаловски

 Вчера најмладите вардарки, пионерките  на ракометниот клуб Вардар стигнаа до уште една важна победа, во борбата за пласман на завршниот турнир во кадетската лига. Во С.Ц. Јане Сандански нашите млади надежи ја совладаа екипата на РК Макалоски, убедливо со резултат 30:12, во рамките на групата 2 од кадетската лига. Девојките доминираа во сите аспекти на ракометната игра на овој меч.  Како што најавивме  во соработка со “Sport.Video Macedonia“  ви овозможуваме видео извештај од оваа средба.

 На овој меч вистинско шоу помеѓу стативите имаше Вероника Ѓорѓиевска, таа фати одлични 15 упатени топки кон нејзиниот гол на овој дуел (60% одб). Младиот голман покажа завиден квалитет, нешто што  на сите им е познато кои ја следат оваа екипа. Прекасната одбрана на црвено-црниот “чувар на мрежата“ може да го најдете ОВДЕ! Најубавиот погодок на дуелот го имаше Борјана Коцева, таа прими топка на линијата од 6.метри, иако беше откосо успеа на мајсторски начин да “испилотира“ и да погоди прекрасно. Голот на оваа девојка која игра на ниво цела сезона, особено оваа пролет може да го погледнете на следниот ЛИНК!

*Видеото од целиот натпревар  во кадетската лига може да го пронајдете на линкот ОВДЕ!

-Мечот одигран ден претходно во пионерската лига на истата екипа е достапен како видео-извештај на следниот наш ЛИНК