Женската македонска кадетска репрезенација замина од пред просториите на Ракометната Федерација на Македонија за Италија. Таму црвено-жолтите девојки од 4ти август ќе бидат дел од ЕХФ Шампионатот за девојки до 17.години.
Во оваа селекција дури 65% девојки се дел од Вардар, црвено-црните дами доминираат на списокот од 17 девојки две третини односно 11 се од вардаровиот тим. Станува збор за следните девојки:
*Сара Миновска, Ана Марија Коларовска, Мирјана Петковска, Ивана Џатевска, Андреа Седлоска, Симона Грујовска, Катерина Дамјаноска, Ангела Костовиќ. Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска, Стефанија Ѓоргиевска.