После завршената мини турнеја во Франција, каде одигравме четири натпревари и забележавме две победи и два порази, екипата на Жрк Вардар се сели во Романија. Нашиот шампион веќе пристигна во Букуреш, каде од денес ги започнува мечевите на турнирот. На него ќе земе учество и актуелниот европски првак, екипата на Будуќност. Ова ќе биде прв посериозен и посилен тест за формата на црвено-црните девојки.
Со почеток од 18 часот го играме првиот дуел против Романски Корона Брашов. Утре сме слободни, а веќе во сабота силите ќе ги одмериме со домаќинот ЦСМ Букурешт. Во другата група, покрај Будуќност се наоѓаат и екипите на Ростов Дон и Баја Маре. Во зависност од пласманот на екипите во двете групи, во недела ќе се игра финалниот и мечот за третото и петто место.
Распоред на целокупниот турнир:
четврток (18:00) – Вардар – Корона Брашов
сабота (18:00) – Вардар – ЦСМ Букурешт
недела:
финале – 18:00
за трето место – 15:30
за петто место – 13:00