Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Од денес пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“
Од денес пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“

Од денес пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“

Од денес на билетарата кај спортскиот центар Јане Сандански ќе бидат пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“, кој е во организација на нашите ракометни клубови. Цената на еднодневниот билет ќе изнесува 200 денари. Со него ќе можат да се проследат двата натпревари, кои ќе бидат на програмата во еден ден. ВИП картите ќе чинат 400 денари.

Машкиот дел од турнирот ќе започне на 24-ти август и ќе трае до 27-ми август. Нашиот шампион својот настап ќе го отвори во вторник (24.08) со меч против Нексе. Натпреварот ќе се игра со почеток од 20 часот. Веќе следниот ден во истиот термин играме со Чеховски Медведи. Последниот ден ќе се игра за пласман.

Женскиот турнир ќе се игра во периодот од 29.08-01.09. Жрк Вардар ќе игра во група со екипите на Подравка и Лајпциг.

По повод одржувањето на ракометните турнири и првиот роденден на С.Ц. Јане Сандански и Хотел Русија, клубот во петок со почеток од 12:30 ќе одржи прес-конференција.