Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Симовски ќе “прозива“ на 16 јануари, ЖРК Вардар повторно во “погон“
Симовски ќе “прозива“ на 16 јануари, ЖРК Вардар повторно во “погон“

Симовски ќе “прозива“ на 16 јануари, ЖРК Вардар повторно во “погон“

Стручниот штаб на женскиот сениорски ракометен тим, Вардар им одреди дваесетина дена зимска пауза на младите црвено-црни дами кои полека изминуваат. Поради големиот број на мечеви,  14. во Супер лигата и  9 во младинската тимот беше физички исцрпен па потребен беше поголем одмор.

Изненадувачки во Супер лигата и покрај тоа што се најмлади,  со серија повредени, згуснат распоред успеаа да станат  во топ-3 сегментот. Во младинска лига беа перфектни тие се “Есенски шампиони“ во младинската конкуренција, есенската полусезона ја завршија како  лидери со 25.бода пред тимовите на Куманово и Металург, главните конкуренти за “насловот“.

41294050_1329101583893042_4477721367080337408_n

Симовски за старт го одреди 16.јануари кога ќе го имаа првиот официјален собир во “Јане Сандански“. Девојките и за време на паузата одработуваат индивудуални активности со цел задржување на формата за пролетните предизвици на три фронта, сениорската лига и Куп како и младинската лига. Прв предизвик ни е дуелот во против младинките на РК Кузман на 02/03.фебруари. Куп натпреварите во женска конкуренција ќе се одржат на 23/24 февруари, а црвено-црните дами ќе игра   против  тимот на Гевгелија. Женската  Супер лига треба да почне на 2/3 март, според планот оваа година  првенството треба да заврши на 25/26 мај.